Започна изградбата на Центарот за македонски јазик во Љубојно

Започнуваат работите за реконструкција и адаптација на старото училиште Димитар Влахов во с. Љубојно!

По завршувањето на сите неопходни постапки и обезбедени дозволи, убавото време ни овозможува да започнеме со работа и реализација на овој проект, кој е од исклучително национално значење.

Во овој момент се вршат подготвителните работи, а веќе од следната недела се започнува со поинтензивна работа, согласно предвидениот план и динамика.

Владата, преку Министерството за култура обезбеди финансиски средства за реконструкција на овој објект, кој претставува интегрален дел на заштитената споменичка целина – с. Љубојно.

Leave a comment