ЗАПЛЕНЕТИ 22 АВТОМОБИЛИ ПРИ ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА ЦАРИНА И МВР

❗ЗАПЛЕНЕТИ 22 АВТОМОБИЛИ ПРИ ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА ЦАРИНА И МВР❗

❌Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани.

👉Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири ПМВ се марка МЕРЦЕДЕС, три ПМВ се марка АУДИ, две ПМВ се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци.

➡Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.

➡Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија.

➡Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.

Leave a comment