„Алкалоид“ пушти во употреба нови производи капацитети во вредност од 19,4 милиони евра

Компанијата „Алкалоид“ АД Скопје денеска пушти во употреба нови капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200  метри квадратни, во вредност од 19,4 милиони евра.  

Со новата техничко-технолошка единица двојно се зголемува производствениот волумен, па така, наместо досегашниот капацитет од две милијарди таблети годишно, моменталниот проектиран производствен капацитет е повеќе од четири милијарди таблети годишно.

-Во динамична индустрија каква што е фармацевтската, пласманите обично кореспондираат со инвестициите, вештините и знаењето, кои во изминативе две децении ги насочивме кон градење на модерно и конкурентно производствено портфолио. Нашата цел останува да се диференцираме преку знаење и развој на производи со додадена вредност, а на овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на натамошна глобализација на брендот ’Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции, рече генералниот директор и претседател на Управниот одбор Живко Мукаетов на пуштањето во употреба на новиот оддел.

Leave a comment