Министерот Николовски изврши увид на изградбата на системот за наводнување Колибари -Црвивци

🏗️💧Системот за наводнување Колибари -Црвивци одлично напредува со изградбата. Ова е систем кој го започнавме со градба во месец мај минатата 2023 година, и кој опфаќа наводнување за нови 160 хектари обработливо земјоделско земјиште, покрај Зајашка Река, кичевско.

👍Изградбата на овој систем се одвива според планираната динамика. Од вкупно 14,5 километри цевковод, до сега изработени се околу 12,5 километри цевковод. Паралелно веќе се изработуваат и шахтите за хидрантите, а веќе набавена е и целокупната опрема која треба да се вгради во шахтите.

✅Преку оваа инвестиција директно им помагаме на повеќе од 2.000 жители од селата Колибари и Црвивци, кој се занимаваат со земјоделство, обезбедувајќи квалитетна вода за наводнување на земјоделското земјиште, и на тој начин го поттикнуваме земјоделското и одржливо сточарско производство.

💯Без доволно количество вода нема стабилно земјоделство. Затоа, вложувањето во изградба на капитални инвестиции во водостопанството е еден од нашите приоритети.

Продолжуваме посветено…

#РезултатиЗаЗемјоделците

Leave a comment