(Фото) Филипче во Кавадарци во посета на неколку свои пациенти

Филипче – “Денеска во Кавадарци се сретнав со Бошко, Васко и малите Симона и Дијана. Тие се мои пациенти и драго ми е што ги видов во одлично здравје и расположение. Ме прави неизмерно среќен кога гледам дека пациентите се добро. Посебно се радувам дека се придржуваат до препораките и го слушаат Венко 🙂

Секоја благодарност што ја добив денеска ми значи многу. Да се биде лекар значи да им се помага на луѓето секогаш и во секое време.

Благодарност до сите во Кавадарци за денешниот ден.

*Фотографиите од децата се објавени со дозвола на родител”

Leave a comment