Бесплатен оброк за сите учениците, бесплатна ексурзија, 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој средношколец.
По примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, воведуваме бесплатен оброк и за учениците во основните и средните училишта. Воведуваме бесплатен јавен превоз за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето.
За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер насловен како Среќен почеток во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец. Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус во месец август или 3.000 денари за материјали и учебни помагала.
Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и коносител на првата изборната едица на денешната промоција на Програмата за европска иднина и кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата.
