По спектакуларниот скопски концерт пред две години (11 јуни, 2022 год.) во арената „Борис Трајковски“ и неколкуте концертни настапи низ Македонија, легендарната македонска група „Меморија“ е концертно, но и музички активна.
„Нена“, „Оган под ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Снежана“, „Дирлада“… и останатата дузина хитови наскоро ќе бидат надополнети со нов репертоар.
Имено, бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подгтвува новиот материјал кој ќе се најде на нивноиот претстоечки албум кој ќе излезе некаде пред „Нова година“. Дотогаш групата планир да издаде неколку синглови, од кои првата песна веќе осамна во македонскиот радиоетер. Во прашање е препознатлива гитарска рок балада насловена „За тебе“, која и стилски и по својот саунд во многу што наликува на досегашните песни на групата, па за очекување е дека на неа во пакет со „Оган под ѕведите“ или „Зошто Боже“ на концертите одново ќе се палат запалки, светат сијаличките од мобилните телефони и пее во еден глас под „ѕвезденото небо“ создадено од публиката.
