Фудбалерите на Баер Леверкузен за прв пат во 120-годишната историја на клубот ја освоија шампионската титула на Германија, а на крајот имаше неверојатна прослава на „БајАрена“.
Леверкузен имаше можност да го совлада Вердер и да ја освои титулата во Бундеслигата, а тоа се случи по импресивниот настап на „Фармацевтите“ и триумфот од 5:0. Но, сцените кои следеа по последниот гол, изгледа како да не сме ги виделе.
