Немо од Швајцарија победи на Евросонг 2024 (видео)

Тоа е трета победа за Швајцарија на Евровизија, по победата на Лис Асија во 1956 година и Селин Дион во 1988 година.

Малме – Последните гласови се добиени, преброени и верификувани, а Петра Меде и Малин Акерман го објавија победникот на Изборот за песна на Евровизија 2024 година.

Во живо од Малме Арена, синоќа,  трофејот од Шведска ѝ беше предаден на Швајцарија за The Code, во изведба на Немо.

Nemo – The Code (LIVE) | Switzerland🇨🇭| Grand Final | Eurovision 2024

Хрватска заврши на второто место со Рим Тим Таги Дим од Бејби Лазања со 547 поени. А Украина заврши на третото место благодарение на Аlyona Аlyona и Jerry Heil со нивната песна Teresa & Maria со 453 поени.

Leave a comment