„Прекрасен ден” – нова летна балада на Владо Јаневски (Аудио)

Пред само неколку дена познатиот македонски чаирски романтичар Владо Јаневски, на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова балада „Прекрасен ден”, песна која веруваме ќе остане и ќе биде еден од летните македонски хитови кои ќе се слушаат ова лето 2024-то низ плажите, кафулињата, ноќните клубови, забавите, дискотеките… ширум Македонија.

„Прекрасен ден” која е комплетно дело на Владо Јаневски, е снимена во студиото на Дарко Димитров, каде последниве години своите најголеми хитови и албуми ги снимаат најпознатите балкански музички имиња.

Leave a comment