Мицкоски си го погази зборот за „Северна“, Агелер ја поздрави одлуката да го користи уставното име при заклетвата
Уште пред пет години, во студиото на ТВ21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше прашан, дали ќе ја користи придавката „Северна“ и целото уставно име на државата, доколку еден ден стане премиер. Неговиот одговор беше: Никогаш, па и по цена да му го земат мандатот.
