Министерката за образование и наука – Весна Јаневска за време на денешната посета на Штип во изјава за медиумите го употреби уставното име на државата – Република Северна Македонија.
Изминатиов период една од најактуелните теми беше позицијата на претседателката на државата, премиерот и другите функционери во власта од ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи на домашен терен да го користат старото име Република Македонија или само Македонија.
Јаневска е првиот висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ и министер од оваа партија кој отстапи од досегашната пракса на именување на државата во јавните настапи и изјави.
