(ВИДЕО) Силјановска Давкова започна со употреба на „Северна Македонија“

Претседателката Гордана Силјановска Давкова во обраќањето пред Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации го употреби уставното име.

Шефот на државата во неколку наврати го употреби целосното уставно име на државата, Република Северна Македонија.

Ова беше прв пат Давкова да го каже целосниот назив на уставното име, откако досега често пати се служеше со термините „нашата дражава“ „македонската државата“ „државата“.

Инаку, Давкова беше еден од најжестоките противници на уставните промени и на новото уставно име.

Leave a comment