Од опозиција Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал, дојде на власт, веднаш смени лента

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал.

▫️„Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“

▫️“Таму се фатени буквално во сериозен криминал“

▫️„Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“

▫️„Ова е историска пљачка“

Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци.

Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента.

Одеднаш се е различно, се е супер.

Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните.

Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!

Leave a comment