Дац и Александар направија женска верзија на „Уште ми фалиш“ – 32 дами во спотот што ќе ве разнежни (видео)

Во прекрасна атмосфера, исполнета со многу емоции и музика, Дац и Александар го промовираа спотот за женската верзија на песната „Уште ми фалиш“.

Пет години откако една од најпопуларните песни на дуото Дац и Александар, „Уште ми фалиш“, за првпат се слушна во етерот – сега доби нова, женска верзија.

Во женскиот спот на римејкот на Дац и Александар, се појавија дури 32 дами, меѓу кои и Виолета Томовска, Росана Сариќ Тодоровска, Вера Мештеровиќ, Лејла Сабит, Дани Димитровска, Рисима Рисимкин, Индира Кастратовиќ и други, меѓу кои и Маја Гроздановска Панчева која беше придружен вокал, но и Билјана Ѓошева и Билјана Драгичевиќ Пројковска, кои се воедно и главни вокали во песната.

Leave a comment