19 годишниот Стефан Ефремов од Свети Николе – дел од финалето на IDJ Show (Видео)

19 годишниот симпатичен и талентиран, Стефан Ефремеов кој што е роден и живее во Свети Николе, е еден од малкумината финалисти кои што се дел од регионалното музичко натпреварување на IDJ Show. Тој влезе и е еден од 12 финалисти на ова регионално шоу фокусирано на новосоздадена урбана музика која е особено популарна на дигиталните медиуми, а и воедно шоу преку кое се вложуваат милиони во развој на кариерата на нови музички ѕвезди.

Тој позитивно изненадува и воодушевува со своите маестрални настапи каде голема улога игра гласот на публиката, на слушателите и поддржувачите.

Во продолжение, погледнете го неговиот последен настап, дајте му поддршка, лајкнете, споделете и гласајте.

Leave a comment