На денешната меѓувладина конференција меѓу Македонија и Косово, одржана во Приштина, по повод 15 години од воспоставување на дипломатските односи, беше забележан преседан – официјалните позадини, банери и информативни материјали беа презентирани само на албански јазик, без превод или употреба на македонскиот јазик кој според закон е единствен официјален јазик на државата за надворешна употреба.
За споредба досега на меѓувладините конференции со други земји, како Црна Гора и Унгарија, практиката беше документите да се презентираат двојазично, на македонски и на јазикот на партнерската земја.

