Ван Гог ја промовира најновата песна „Луд и сам” (Видео)

Откако не’ израдуваа во 2019-тата година со албумот „Море без обала” и турнеја која траеше цели пет години, групата Ван Гог започнува ново музичко поглајве со синглот „Луд и сам”.

Како што вели фронтменот на групата, Звонимир Ѓукиќ, бендот не си го дозволи луксузот да се потпре и да го повтори она кое веќе го има постигнато, во креативна смисла.

„Следејќи го сензибилитетот, се осмеливме на нов музички исчекор. Сега, кога албумот е завршен, желбата ни е на секои три месеци, чекор по чекор, сингл по сингл, спот по спот, да ја размениме енергијата со публиката. Сите коцки од мозаикот ќе се сложат во 2026та година, во форма на винил и цд”, велат од Ван Гог.

Leave a comment