Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Негде после два“.
Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај не потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро RNB 2000-ти.
Музиката е на Пајак, текстот на Елвир, кој после подолго време и’ се врати на музиката, а за аранжманот се погрижи Иван Јованов Iwayo. Интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.
