Од утре се очекува да започне поделбата на 250те милиони евра од унгарскиот заем на компаниите кои пројавуваат интерес за користење од овие пари. Премиерот Мицкоски добил потврда од неколку банки дека ги прифаќаат условите: камтна стапка од 1,95%, до три години грејс период и отплатата да биде до 15 години.
Оние банки што не ги прифаќаат ограничувањата и поволностите за развој на стопанството нема да бидат дел од проектот.
Условот за користење средства од овој заем и добијат кредит, копманиите ќе треба да имаат најмалку 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра. Што според пресметките на премиерот би имало инвестициски бран од 300 милиони евра.
Унгарскиот заем од половина милијарда евра се дели на две еднакви суми од по 250 милиони евра. Една за развој на бизнис секторот, а другата половина од парите е предвидена за општинските капитални проекти. За овој заем се гласаше и посебен закон во Собрание околу средината на септември.
На осми октомври пак министерката за финансии Димитриевска Кочовска го потпиша договорот во Будимпешта и почнаа преговорите околу условите со нашите комерцијални банки за што им требаше месец и половина.
