„Ако одиш“ – нова љубовна емотивна балада од Ѓоко Јовиќ (Видео)

Со музика и аранжман на Лазар Цветковски и текст на Магдалена Ена Цветковска, познатиот македонски фолк пејач Ѓоко Јовиќ неодамна ја промовираше љубовната и емотивна балада „Ако одиш“. Тој со оваа моќна песна ги изнанди своите фанови и публика која што претставува четврта песна по ред која што тој ја објавува годинава. Видеоспотот пак е снимен на повеќе атрактивни локации во продукција на М16 при турнејата на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд во Австралија.

„Само неколку часа по објавувањето на спотот веќе добив бројни пораки и драго ми е што уште на стартот публиката може да ја осети енергијата и целата емоција која ја носи истата. Посветена ми е, се чувствува дека пеам од срце и мислам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Оставам простор да стигне до секого, но еве ќе најавам, очекувајте многу музика од мене, без разлика на бројните настапи и напорните турнеи, мојата публика заслужува нови песни. Бескрајно сум благодарен за целата поддршка која ја имам“, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.

Leave a comment