Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски денеска е во Корча, на средби со Македонците од Албанија

Потпретседателот на #СДСМ, Методија Илиевски денеска е во Корча, на средби со Македонците од Албанија.

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како глас на Македонците во Албанија, денеска организираше состанок во Корча, со претставници на македонските парламентарните партии.

#СДСМ е тука да дадеме поддршка на Македонците од соседна Албанија.

Грижата за нашите сограѓани во дијаспората и секако во соседните земји е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет.

СДСМ и кога беше власт силно ги поддржуваше Македонците во соседна Албанија.

Со поддршка успеавме Македонскиот јазик да се воведе на неколку Универзитети во Албанија, се обезбедија учебници на македонски јазик и за прв пат успеавме да вратиме 20 украдени икони од македонските цркви.

Реагиравме и за пописот во Албанија, кој за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.

И како опозиција СДСМ силно ги поддржува и ќе продолжи да работи и да делува во нивни интерес и да се спротивствуваме на било какви обиди за асимилација.

Leave a comment