Видео: Кендрик Ламар настапи на Супер Боул-му се придружи Дрејк

Американскиот рапер Кендрик Ламар (Кендрик) настапи на најзначајниот и најгледаниот спортскиот настан во САД, мегапопуларниот  „Super Bowl“

За време на неговиот настап најголемо внимание привлече неговата песна „Not Like Us“ во која го „прозива“ својот колега Дрејк.

„Кажи, Дрејк, слушам дека сакаш млади девојки“ и „Се обидуваш да погодиш акорд, но веројатно тоа е мол“ (минор е мол на англиски, што значи и малолетник), се само неколку од стиховите што привлекоа внимание.

Видеото може да го погледнете на линкот…

Славната тенисерка Серена Вилијамс, којаво минатото ја поврзуваа со Дрејк, танцуваше за време на изведбата на Ламар на песната „Not Like Us“. Раперот изведе и многу други негови хитови, меѓу кои: „Bodies“, „Squabble“, „Euphoria“, „Humble“, „DNA“…

Актерот Семјуел Ел Џексон се „облече“ како вујко Сем и изведе неколку негови хитови, а на сцената се појави и R&B ѕвездата SZA. Танчерите беа облечени во црвена, бела и сина облека, а во еден момент го „оформија“ и американското знаме.

Leave a comment