Македонецот Мајкл Дамески танцува со Лејди Гага во нејзиниот нов спот (Фото+Видео)

Австралискиот танчер со македонско потекло, Мајкл Дамески, го оствари својот сонот, настапувајќи покрај светската музичка ѕвезда Лејди Гага во нејзиниот нов видео спот за песната „Abracadabra“. Дамески, кој веќе долго време е дел од светската танцова сцена, ја сподели возбудата со своите следбеници на Instagram, објавувајќи видео и фотографија со Лејди Гага.

„Кога сонот станува реалност“, напиша 29-годишниот танчер, кој со својата неверојатна техника и енергија се вклопи совршено во визуелната магија на видеото.

Мајкл Дамески е познат по своите извонредни настапи и поучество во престижни танцови натпревари, а со овој проект го зацврсти своето место меѓу најдобрите во светот.

Leave a comment