„Остани“ – Дамјан Стојановски со хит што ќе ве крене на нозе! (Видео)

Ако барате песна што ќе ве натера да танцувате уште од првиот такт – ја најдовте! Дамјан Стојановски го освојува етерот со својот најнов сингл „Остани“, ритмична денс-бомба која дефинитивно ќе ја освежи вашата плејлиста!

Песната е комбинација на врвен аранжман од Златко Миладиновски, перфектен звук благодарение на Љупчо Павловски (студио „Анастасија“), а музиката и текстот се дело на самиот Стојановски, што ја прави уште попосебна.

За визуелната магија се погрижи Арт Студио продукција, а вистинска енергетска експлозија во видеото внесува атрактивната Сашка Колеска, која со својата танцова харизма го прави спотот уште пожив и повпечатлив.

„Остани“ веќе е достапна на сите музички платформи, а видеото можете да го подолу и да го најдете на YouTube каналот на Дамјан Стојановски.

Leave a comment