Познатиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ ја започнува 2025 година со нова песна – „Стари навики“, која веќе освојува срца со својот емотивен текст и свеж звук. Автор на музиката и текстот е Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот го потпишува Иван Јованов – Ивајо.
Песната доби и ултра модерен спот, различен од досегашните изданија на Јовиќ, збогатен со врвни филмски ефекти во продукција на „Урбан Рекордс“. Видеото внесува светска естетика на македонската музичка сцена и поставува нови стандарди.
„Овој проект е продолжение на соработката со Пајак и многу сум среќен што првите реакции се одлични. Верувам дека многумина ќе се препознаат во темата и ќе уживаат во сè што создадовме“, изјави Јовиќ.
Минатата година тој беше мошне активен со четири нови песни и филмскиот проект „Послушајте патриоти“. Новата година ја започнува со уште поголема енергија, а веќе подготвува нови материјали што публиката наскоро ќе ги слушне. Со својот „Енерџи Бенд“, Ѓоко Јовиќ продолжува да настапува ширум светот, а неговата традиционална турнеја во Австралија останува неизоставен дел од музичката приказна.
