Хаос во Делчево: Пенал кој ја докажува можеби корупцијата во мак фудбалот (Видео)

Сведоци сме на еден голем криминал во модерниот фудбал, па поради тоа се уште неможеме да напредуваме како фудбалска земја. Се почести се случките кога поголемите и финансиски помоќните клубови го наметнуваат своето влијание, без разлика дали се работи за Прва македонска фудбалска лига, Втора или Трета.

Парите и политиката го надвладеаја фудбалот во нашата држава. Доколку клубот е во сопствеништво на некој богат газда, кој лесно може да манипулира со арбитарот кој е назначен за овој натпревар, многу лесно можат да стасаат до посакуваните позиции на табелите, додека помалите екипи, во кои играчите играат за минимални финансиски средства, не успеваат да го наметнат своето влијание и покрај што и во нив има доста квалитетни и талентирани млади играчи, од кои што еден ден можеби ќе зависи и самата репрезентација.

Пример за тоа е вчерашниот натпревар од Третата македонска фудбалска лига – Исток, меѓу екипите на Брегалница Делчево и Беласица, кој заврши со победа на гостите со резултат од 3:1, но дали Беласица навистина чесно ги заработи овие три бода.

Богатиот газда на клубот, кој од Струмица допатува да ги следи своите избраници, изгледа дека имаше големо влијание кај главниот судија на натпреварот, Стојанче Стојанов.

Најпрво на самиот старт на натпреварот, еден од гостинските фудбалери остро стартуваше врз еден од напаѓачите на Брегалница, што на крај резултираше само со повреда на делчевскиот фудбалер. Овој прекршок остана нерегулиран како и многу други кој беа предизвикани од страна на гостите.

Како „јагода на шлагот“ беше моментот кога судијата Стојанов си дозволи да пресуди пенал во полза на Беласица, при водство од 0:1 за гостите, иако основа за таква одлука немаше. Кај сите остана дилемата како главниот арбитар го виде пеналот од огромна далечина, а реакција од неговиот помошник, скоро па немаше.

Делегатот на натпреварот Игор Данилов, исто како да не беше присутен на овој натпревар, па реакција за оваа контроверзна ситуација од негова страна немаше.

Кај бројните љубители на фудбалот кои беа собрани на стадионот „Гоце Делчев“ во Делчево, да ја дадат својата подршка за тимот со кој што со години наназад се гордеат, остана дилемата кој и зошто го расипува фудбалот во Македонија, и дали воопшто има некој кој ќе реагира од страна на ФФМ вакви инциденти да не се случуваат, но сепак митото и корупцијата изгледа дека е навлезена длабото и во целата фудбалска федерација на Македонија. Од овде излегува само еден заклучок: „Колку пари, толку фудбал“.

Haos vo Delcevo, nepostoecki penal

Веста е преземена од http://sportclub.mк

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s