ВИДЕО: Тепачка на украински пратеници по ТВ дебата

Пратениците на Врховната Рада, Александар Вилкул и Владимир Парасјук се истепаа пред новинарите во украинската телевизија „112“.

Инцидентот се случи по снимањето на емисијата „Вечерна програма“ во која пратениците не можеа да се сложат за тековната ситуација во Украина.

https://youtu.be/GYJdfeAo520

По емисијата Владимир Парасјук го сочека својот опонент надвор од студиото, по што ја почна тепачката, а мораше да се вмеша и обезбедувањето на телевизијата.

Парасјук се закани дека ќе го демолира автомобилот на Александар Вилкул.

Тој додаде дека неговиот сопарник е агент на Кремљ од каде била донесена војната во Украина.

„Вилкул треба да се ликвидира, да се депортира, од него да не остане трага, рече Парасјук.

Tepacka na Ukrainski pratenici

Leave a comment