Нокаутираше судија со колено, па веднаш е избркан од клубот…

Марко Гонсалвес, фудбалер на нисколигашот Канелас 2010 од Португалија, нокаутираше судија со колено на сред натпревар. Веднаш потоа, Гонсалвес е избркан од клубот од каде објавија дека никогаш повеќе нема да го носи нивниот дрес.

Се почна по една гужва пред шеснаесетникот на гостите, во натпревар од четвртата лига на Португалија, кога Гонсалвес удри противнички фудбалер. Судијата сето тоа го забележа доделувајќи му црвен картон, по што Гонсалвес веднаш со колено го нокаутираше судијата.

Leave a comment