Во украинската престолнина вчера и официјално беше отворено годинешното, 62. по ред издание на „Евровизија“, а во рамките на свечената церемонија делегациите на сите 42 земји учеснички прошетаа по најдолгиот евровизиски црвен килим досега, кој беше распослан во должина од 265 метри. Околу него се собраа бројни медиуми и обожаватели на фестивалот, кои сакаа одблизу да ги видат и запознаат годинешните фаворити.
Новинарите што го следеа настанот се погрижиле да дознаат нешто повеќе за Јана, па некои од нив откриле дека пејачката умее и да рапува, а таа без двоумење го докажа тоа.
