Стотина фанови ги пречекаа „црвените ѓаволи“ во ТЦЦ „Гранд плаза“

По едночасовно доцнење, тимот на Манчестер јунајтед пристигна во ТЦЦ „Гранд плаза“. Пред хотелот имаше силно полициско обезбедување и поставена ограда на стотина метри од влезот зад која беа наредени многубројни новинарски екипи и стотина фанови на „црвените ѓаволи“. Фановите ги извикуваа имињата на своите миленици, но единствено Немања Матиќ се сврте да им отпоздрави.

Leave a comment