Фотографот Арам Пан од Сингапур доби дозвола од севернокорејските власти од воздух да го сними главниот град на државата – Пјонгјанг.
На видеото може да се видат шарени згради, но и една чудна појава – а тоа е дека на улиците речиси и да нема луѓе и возила.
„За град од 2,6 милиони жители, Пјонгјанг е прилично пуст“, искоментирал Пан.
