BRASS BROTHERS e уникатен проект со личен печат кој постојано се насочува кон нешто ново, што истовремено е и доста интересно и возбудливо што при изведбата им дава на песните уникатно звучење. Овој состав изведува дела од светската музичка сцена, а исто така и дела од македонски автори. Битолската музичка атракција Brass Brothers повторно не изненадуваат со уште една бомбастична изведба на култната тема од филмот на Квентин Тарантино „Евтини приказни“ (Pulp Fiction). Уживајте!
