Младиот гевгеличанец Стојанчо Бучков настапи последен во втората фаза во Бугарскиот X-Фактор (“предизвикот на шесте стола”) и успеа да се избори за место на еден од 6-те стола. Тој ја испеа “Unchained Melody” од Righteous Brothers и се пласираше во последната фаза пред големите концерти. Негов ментор ќе биде Криско.
