КАКО НА ВИДЕО ИГРА- ЕХФ ја претстави македонската репрезентација

Европското ракометно превенство од 12 до 28 јануари ќе се одржи во Хрватска. Македонија ќе настапи во Загреб во групата Ц заедно со Словенија Германија и Црна Гора, а првите натпревари ќе започнат на 13 јануари.

Веќе традиционално медиумскиот партнер на ЕХФ пред почетокот на првенството атмосферата ја подгрева со претставување на сите земји учеснички. Овојпат тие се одлучија на специфичен начин да го отсликаат патот на секоја репрезентација која ќе ја гледаме на овој континентален собир.

Leave a comment