Во последната емисија на музичкото шоу настапуваше и Филип Пецовски кој од првото појавување на сцената со неговата харизма го воодушеви жирито.
Тој настапи во дуел со кандидатот на Ана Бекута, Александар Гуте Маринковиќ.
Филип кој е под менторство на Јелена Карлеуша, се претстави со песните „Соба за тага“ од Тоше Проески и „Параноја“ oд Тропико со што направи вистинско шоу на сцената на Гранд.