Минатогодишната претставничка на Детската евровизија, Марија Спасовска која ја пееше песната “Дома” во продукција на Дарко Димитров и текст од Елена Ристеска објави нова песна на својот YouTube канал.
“Сакам” е новата песна од Марија Спасовска со која порачува “Човекот со срце да гледа, да исчисти очи од гордост и беда”. Текстот на оваа балада е од Марија Спасовска, а музиката и аранжманот се на познатиот Роберт Билбилов. Видеото кое дополнително ја надополнува убавината на приказната е во режија на Зоран Зонде Стојановски.
Интересен е фактот што Марија во видеото употребува знаковен јазик, сакајќи оваа песна со својата силна порака да допре до секој човек, за да можат да слушаат сите, дури и тие што не можат да слушаат.
Во продолжение погледнете го видеото:
