Музичкото и пријателско дуо составено од Драган Спасов Дац и Александар Митевски, постојано изненадуваа со нови кавери изминатиов период.
За време на карантин, на полициски час, и во време кога социјална дистанца е најважна препорака, тие направија и неколку кавери со звучни имиња од музиката, а со нивните изведби го разубавуваа и развеселуваа секојдневието и ги освоија симпатиите на сите.
Но, тука не застанаа.
На нивната фан страна неколку дена го најавуваа новиот сингл за кој велат дека е: „Песна откината од душата и срцето.. Химна на љубовта во ова НОВО ВРЕМЕ кое го живееме…“
Новата љубовна приказна на Александар Митевски и Дац е со наслов „Слика“.
