Познатата македонска поп пејачка Тамара Тодевска пред два дена го прослави својот 35. роденден, па по тој повод одлучи да ги израдува своите фанови со споделување на новата англиска песна „Rise“.
„Rise“ е англиска верзија на нејзината песна „Слобода“, која ја објави минатата недела, a чиј текст е дело на Игор Џамбазов, музиката на Роберт Билбилов, а за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.
Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска.