Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели видео од малиот пациент Теофан кој го победи ракот. Ѕвоното во хемато-онколошкото одделение го означи овој момент.
!Уште едно детенце излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести! Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома. Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата. Му посакувам секогаш да биде насмеан и силен како и досега. Браво за целиот тим на установата!“- напиша министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот ФБ профил споделувајќи видео од испраќањето на малиот пациент од клиниката.