Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви или SAP Brothers, како што е нивниот псевдоним, ја објавија викендов песната „Љубов си ти“, посветена на нивниот пес, златниот ретривер Арон. Песната со позитивен дух е проследена и со шармантно видео, во кое се појавуваат Бранко, Влатко и Арон во приказна, која максимално соодветствува на описот „најпозитивниот музички проект кој што може да се објави во овие денови“, како што SAP Brothers го опишаа овој зафат.
И песната и видеото се необичен микс на музика, хумор, страст и љубов кон златниот ретривер Арон, чувство што совршено го разбираат сите кои имаат кучиња-миленици.