Пандев „жртва“ на урнебесна скриена камера: „Продаден на клуб во Индија…“ (ВИДЕО)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше „жртва“ на скриена камера на италијанската телевизија Медиасет.

Во целата „местенка“ во која учествуваа и капитенот на Џенова, Доменико Кришито како и агентот на нашиот репрезентативец, Леонардо Корси, кулминацијата беше кога Корси му се јавува на Пандев и го известува дека управата на клубот решила да го продаде во клуб во Индија.

Иако Пандев на почетокот беше сигурен дека е шега…

„Ајде Корси доста… Да не си полудел? Да не си пијан? Што зборуваш“ – најпрво му одговара Пандев на Корси.

Но, потоа почна и да се сомнева откако ја слушна и сумата која би ја заработил, 72 милиони евра за три сезони со бонус од 10 милиони евра ако се оствари одреден посакуван резултат. Во тие моменти Пандев почнува и да коментира со присутните соиграчи.

„Ма како Ченаијин, каква Индија. Попрво ќе си пукам во уста“ – реагираше Пандев до своите соиграчи.

Да биде поинтересна, во целата приказна се вклучуваат и навивачите кои за брзо се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат: „Пандев предавник!“. Македонскиот репрезентативец им објаснува за што станува збор, па по извесено време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ објаснувајќи дека се работи за шега.

КОМПЛЕТНОТО ВИДЕО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s