Познатиот топ модел и ангел на Викторија – Адријана Лима објави на социјалната мрежа Инстаграм снимки од прославата на Божиќ, додека во позадината се слуша хитот на Лепа Брена „Југословенка“.
На„Стори“, моделот објави неколку кратки снимки од празничната атмосфера, опкружени со семејството и пријателите, а на нив освен викање и насмевка, се слушаат препознатливи стихови на српската пејачка.
Ова видео масовно се шири на социјалните мрежи, а сите имаат само пофални зборови за Лима.
Имајќи предвид дека Адријана Лима беше сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, не е изненадувачки што е запознаена со опусот на Лепа Брена, и секако многу добро разбира за што пее…
