Почина Балашевиќ – панонскиот морнар отплови во вечноста

Омилениот кантавтор, 67-годишниот Ѓорѓе Балашевиќ почина за време на лечењето од ковид 19 на Клиничкиот центар Војводина. Хоспитализиран беше пред два дена.

Новосаѓанец по потекло, Балашевиќ сакал да биде фудбалер, пееше како панонски морнар, а остана едно од омилените музички имиња во поширокиот регион.

Духовитиот хит „У раздељак те љубим“ со продадени 180 илјади синглови беше успех во југословенски размери. Настапуваше со групите „Жетва“ и „Разни мраз“, а од 1982 година започна соло кариера.

Објави вкупно 14 албуми. Запишал студии по географија, кои никогаш не ги завршил, но по повод 50-годишнината од Новосадсиот универзитет – врачена му е почесна диплома. Сепак најголемата диплома на Балашевиќ беа десетиците хитови, кои сите ги знаеја и со задоволство ги пееја

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s