(ФОТО) Уште една чест за легендата: Пандев на пакетчиња од сликички за ЕУРО 2020

Откако ја однесе македонската репрезентација на историски настап на едно Европско првенство, Горан Пандев доби уште една голема чест.

На некои од пакетчињата кои веќе почнаа да се продаваат во Велика Британија, го има капитенот на нашата селекција кој со безмалку 38 години, ќе биде меѓу највозрасните на овој шампионат.

Сите со нетрпение чекаме да излезе албумот на “Панини“ со сликичките за да можеме за првпат и ние да собираме сликички од нашите ѕвезди како Пандев, Адеми, Ристовски, Барди, Елмас, Николов и останатите..

Leave a comment