(Видео) Премиерот Зоран Заев во посета на „Скопје Ист Гејт“

Во последна градежна фаза е изградбата на шопинг молот Скопје Ист гејт што се гради на локацијата на поранешниот Скопски саем. Во него е најавена вкупна инвестиција од над 350 милиони евра и се очекува да биде пуштен за десетина месеци.

Премиерот Зоран Заев при увид на градежните работи со министри од владиниот економски тим истакна дека сите кои одлучија да се спротивстават на пандемијата преку инвестиции тоа ќе го валоризираат со огромен успех. 

-Со својата големина од 160 илјади метри квадратни површина, разновидност и содржини Скопје го има најголемиот трговски центар во регионот. Горди сме што Ист гејт мол носи реномирани трговски марки во нашата земја,  250 меѓународни и локални и регионални брендови. Шпанскиот моден гигант Инди текст со брендовите Зара, Зара хоум, Масимо Дути, Ојшто, Страдивариус, Бершка, Пуленбер, како и полската модна групација ЛПП со брендовите Ризровд, Мохито, Хаус синсеи се само дел од брендовите кои доаѓаат, а следат и трговските марки од познатите брендови од другите западноевропски брендови, изјави Заев.

Севкупната значајна инвестиција изнесува повеќе од 350 милиони евра и тоа е огромно вложување за нашата земја. Комплексот развива бруто површина од 500 илјади метри квадратни во кој покрај трговскиот центар се содржани 10 станбени и пет деловни згради. Тоа, наведе, значи отворање голем број на работни места, што е и наша заложба да креираме поволен деловен амбиент за добро платени работни места и привлекување нови инвестиции.  

Како што информира Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол, за неколку месеци новиот шопинг мол ќе биде најатрактивна дестинација за посетителите од државава и од регионот.  – Трговскиот центар е во последна градежна фаза. Во готовата и затворена карабина како и завршените машински и електрични системски инсталации се почнати занаетчиските активности  и останува да се доработи внатрешниот ентериер на молот, рече Давков, најавувајќи дека ќе донесат реномирани трговски марки.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s