Македонската ракометна репрезентација под водство на новиот селектор Кирил Лазаров експлодира против Данска, дојде до победа (33-29) во првиот меѓусебен меч и застана на првата позиција во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2022 година.
Светскиот првак ја загуби главата во Скопје! Данците влегоа во овој натпревар премногу растеретени, дојдоа во Македонија на ден на натпреварот, па доживеаја дебакл кој сигурно ќе одекне во ракометниот свет како голема сензација. Лазаров покажа дека го разбира ракометот, првиот натпревар вечно ќе се памети, а оваа победа има и големо значење во битката за ЕП затоа што сега Македонија направи голем исчекор кон континенталниот собир.
Најдобри кај стрелците кај Македонија беа Манасков, Талески и Кузмановски со по пет гола, а Стоилов и Лазаров имаа по четири, додека голманот Никола Митревски нанижа 13 интервенции. Кај светскиот првак лидерот Хансен даде 11 гола, а Менсах Ларсен имаше четири.



Составите за дуелот меѓу Македонија и Данска:
