Нов сингл и видео спот!
Најперспективниот бенд кај нас, ФАНК ШУИ, со својот исклучителен талент и константната работа на својот израз, ја одбележаа 2020та продуцирајќи два важни синглови во нивната кариера. МЕТЕОРИ и ВЕТЕР, кои заедно со своите официјални видеа се авторски материјал кој ја мултиплицираше регионалната публика на Фанк Шуи, во рекордно време се позиционираше на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот.
НЕВРЕМЕ е нов сингл, издаден на 10 март 2021 во соработка со еден од најпрепознатливите и најегзотични женски вокали во поновата македонска историја – Вера Милошевска Јосифовска, кристалниот глас на групата Љубојна и најавтентичната културна фигура на македонскиот мелос .