Андреа има нов спот – „Talk to Me“ (Видео)

По изминатата година полна со предизвици, Андреа влегува во 2021 со една весела перспектива и на 2 април го издава новиот сингл „Talk to Me“. Овој сингл е забавна, безгрижна трака која зборува за уметноста на флертот.

„Навистина сакав да направам песна која ќе го одвлече вниманието и ќе им овозможи на луѓето да уживаат, да се повлечат, да се релаксираат и да танцуваат“, изјавува Андреа.

Нејзиниот прв сингл, „I Know“ имаше премиера на престижниот британски музички блог Blackplastic, а нејзиниот втор сингл кој излезе подоцна во 2020 „I Don’t Know Your Name“ ги надмина сите очекувања со приближно 140.000 стримови меѓу оригиналот и ремиксите. Оваа поп ѕвезда во подем вели дека целта зад „Talk to Me“ e да се искреира свеж, модерен звук испреплетен со ретро синтвејв елементи. Текстот „don’t wanna wait or hold back, don’t wanna lose you out of sight” ја потенцира страсната потреба која луѓето ја имаат во моментот кога прв пат се „затрескуваат“. „Talk to Me“ е паузата која на сите ни е потребна, пауза од сите сериозни теми – го потсеќа слушателот на среќните, безгрижни моменти во животот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s