Седумдесет килограми тежок сом, долг 205 сантиметри, беше уловен во Тиквешкото езеро. Рибарот Глигор Чејков вели дека првично очекувал да улови крап.„Ова е најголемата единка на сом која досега е уловена на Тиквешко езеро со помош на трска. Адреналинот трае се уште. Ова доживување му го посакувам на секој спортски риболовец“, изјави за Глас на Америка, Чејков. Борбата со големата риба траела триесет минути, а му помогнале и членови на Спортско риболовниот клуб „Оскар“ од Кавадарци.